Одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина, донесе Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, со донесувањето на оваа Одлука за основање на оваа јавна Установа ќе се воспостави режим на заштита на Националниот парк Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк.
Собранието на 30 јуни, годинава, го донесе Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста. Со Националниот парк, согласно законот, треба да раководи Јавно претпријатие кое ќе работи според планот за управување со НП „Шар Планина“.