Буџетскиот дефицит на Соединетите држави до средината на векот ќе достигне десетина од бруто домашниот производ (БДП-то), а јавниот долг ќе биде речиси двојно поголем од БП-то, покажуваат најновите долгорочи прекции на влијателниот институт CBO.
Американскиот буџетски кусок искажан со уделот во БДП-то годинава ќе изнесуа 5,8 отсто, преоценува споменатиот независен институт во кој работат поранешни функционери на американската централна банка Federal Reserve (Fed), на Министерството за финансии и на Конгресот.
Минатата 2022 година буџетскиот дефицит изнесуваше 5,2 отсто, според официјалните податоци.
До 2027 година, според институтот би требало да се спушти на 5 проценти и потоа повторно да тргне по нагорна линија и да достигне 10 отсто од БДП-то во 2053 година. По овие прогнози, во CBO истакнуваат дека поголемо ниво е забележено само во текот на Втората светска војна и пандемијата на коронавирусот.
Во периодот од 1993 до 2022 година изнесувал во просек 3,7 отсто од БДП-то, покажува извештајот на институтот CBO.
Кусокот во следните 30 години ќе го подигнува сѐ поголемите трошоци за каматите, се истакнува натаму во извештајот, откако во институтот пресметале дека примарниот кусок, кој ги исклучува тие трошоци, би требало да изнеуваат 3,3 отсто од БДП-то и оваа и во 2053 година.
Јавниот долг на САД, според овие пресметки, би требало да достигне 98 отсто од БДП-то, што е за два процентни поени повеќе отколку што прогнозираа минатата година. Таа 2022 година според официјалните податоци изнесувал 97 отсто од БДП-то, а во изминатите три децении во просек 57 отсто.
До крајот на деценијата би требало да порасне на 107 отсто и да ги надмине историскиот кусок, а до 2053 година, според пресметките ќе достигне 181 отсто од БДП-то.
Толку голем долг би го забавил економскиот раст и би ги зголемил исплатите на каматите на странските сопственици на американските долгови и би претставувал позначаен ризик за фискалните и за економските изгледи, предупредуваат од CBO.
Американската економија според овие прогнози би требало да пораснат за само 0,3 отсто, наспроти 2,1-процентниот раст во 2022 година. За 2053 година му прогнозираат скромен раст од 1,5 отсто. Во изминатите три децении, американската економија во просек растела за 2,4 отсто годинишно, според најновите проекции.
Институтот CBO ги објавува долгорочните прогнози за буџетото и економијата врз основа на важечките закони, а годинешниот извештај го одразува преценетото влијание на законот за фискална одговорност, кој стапи на сила на почетокот од јуни.