Јавноста ни даде мандат за промени

Американскиот милијардер претприемач Илон Маск тврди дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп и тој имаaт јавен мандат за промени.

„Јавноста ни даде мандат што не може да биде појасен. Народот зборуваше, народот сака промени“, рече Маск на Галата на Институтот за први политики на Америка на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида.

Маск исто така на шега истакна дека за разлика од влијателниот инвеститор Џорџ Сорос, тој ги поддржува републиканците, тврдејќи дека е „Џорџ Сорос од десницата“.

Трамп претходно објави дека Маск и бизнисменот Вивек Рамасвами ќе го водат Одделот за владина ефикасност во неговата нова администрација. Новоизбраниот американски претседател додаде дека новото тело ќе соработува со Белата куќа и нејзината Канцеларија за управување и буџет за „да се поттикнат големи структурни реформи“. Според Трамп, „помала влада, со поголема ефикасност и помала бирократија, ќе биде совршен подарок за Америка на 250-годишнината од Декларацијата за независност“, што ќе се прославува на 4 јули 2026 година.