Јавното обвинителство даде детали за истрагата за двојното убиство во Кратово

сновното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, стои во соопштението.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, кратовската полиција околу 22 часот во четвртокот вечерта ја привела 36-годишната В.И, од Кратово, која е осомничена дека претходно вечерта во семејната куќа ги убила 38-годишниот допруг Ј.И и неговиот 63-годишен татко С.И..

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.