АВРМ: Текстот за опциите во аликацијата „е-работа“ е обид да се наруши угледот на Агенцијата

Агенцијата за вработување на Република Македонија  денес преку писмено соопштение реагира на текстот првенствено објавен на „Сакам да кажам“, а потоа преземен и од други интернет портали, под наслов „Проститутка може да се бара преку Агенцијата за вработување, ама не смее да се вработи“.

Во реакцијата се нагласува дека текстот претставува сензационализам и обид да се наруши угледот на Агенцијата за вработување.

Самиот наслов текст е конструиран со цел да се даде поинаква смисла на содржината и ако директорот на Агенцијата за вработување на ваше барање изјави дека опциите кои стојат во апликацијата ’е-работа’ за оглас во менито работно место се согласно меѓународната класификација на занимања. Имено во интерес на правилното информирање на јавноста е дека се работеше за првична пробна верзија во делот на опции за огласување на работни места. Во финалната верзија такво понудено работно место не постои. Крајно непрофесионално и спротивно на новинарскиот кодекс да се извртуваат фактите во намера на ширење на заблуди за манипулација на јавноста. Со тоа го потенцирате нивото на вашиот медиум кое ќе биде препознаено и од читателите, велат од Агенцијата.

Оттаму, согласно позитивните законски прописи побараа од медиумите што го објавија текстот да ја објават реакцијата и да се извинат во законскио определениот рок.