Австралија веројатно се приближила до пикот во бранот на омикрон варијантата на коронавирусот, соопштија тамошните власти во саботата, но предупредија дека дневниот број на заразените ќе се задржи близу рекордните нивоа „следните неколку седмици“ откако четврти дена со ред се пријавуваат повеќе од 100.000 нови случаи на коронаинфекција.
Австралија претходно го ограничуваше ширењето на коронавирусот со остри рестрикции и целосно повеќемесечно „затворање“, а сега бележи рекордни показатели и има најголем број дневно заразени на светот. Поголемиот дел од земјата ја усвои стратегијата за живот со вирусот, откако беше постигната висока стапка на вакцинираност на населението. Повеќе од 1,2 милиони случаи на зараза се забележани од почетокот на годинава, додека во 2020 и во 2021 година вкупно беа пријавени 200.000 случаи.
„Сѐ уште не завршивме со тоа и мислам дека сѐ уште ќе има голем број дијагностицирани случаи во Австралија во текот на следните неколку седмици. Но, движењето на заразите во некои сојузни држави ме наведвуа на уверувањето дека сме близу пикот на овој бран во смисла на случаите“, изјави главниот здравствен советник на австралиската влаа Пол Кели на брифинг со новинарите.
Бројот на заразсени се намалил последните три дена, додека растото на хоспитализациите во најтешко погодената сојузна држава Нов Јужен Велс, најнаселената во земјата, е благо забавен според официјалните податоци. Повеќето сојузна држави се борат со рекордни хоспитализации, а властите велат дека невацкинираните млади луѓе сочинмуваат „значителна бројка“.
„Забележуваме епидемија невакцинирани меѓу младите, тоа го гледаме и при приемите на одделите за интензивна нега“, додал Кели.
Австралија е меѓу земјите со најголем удел на векцинираните против Covid-19. Повеќе од 92 отсто од Австралијците повозрасни од 16 години примиле две дози од вакцините.