Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека Канбера ќе разгледува признавање на палестинска држава, што претставува промена во австралиската политика во однос на нејзините сојузници, во моментите кога меѓународната заедница бара решение со две држави за да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт.
Во говорот во вторникот вечерта по австралиска вечер, Вонг ги поддржа коментарите на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека признавањето на палестинската држава, вклучително и во Обединетите нации, ќе го направи решението со две држави неповратно.
Вонг рече дека меѓународната заедница разговара за палестинската државност „како начин да се добие импулс кон решение со две држави“.
„Решение со две држави е единствената надеж да се стави крај на бескрајниот циклус на насилство“, рече шефицата на австралиската дипломатија, говорејќи на Австралискиот национален универзитет.
Таканареченото решение за две држави долго време беше камен-темелник на меѓународните мировни напори за решавање на долгиот израелско-палестински конфликт, но процесот беше закочен цела деценија дури и пред актуелната војна во палестинската енклава Појасот Газа меѓу Израел кој тврди дека војува против милитантното движење Хамас.
Палестинците уште од основањето на Државата Израел во 1948 година и подоцнежните децени преговарања ја истакнуваа намерата за формирање независна држава на Западниот брег (од реката Јордан) и Источен Ерусалим, кои Израел ги окупираше од Блискоисточната војна во 1967 година, вклучувајќи ја и тесната крјабрежба енклава Појасот Газа.
Израел во неделата го формализираше своето противење на, како што го нарече „едностраното признавање“ на палестинската државност и рече дека секој таков договор мора да се постигне преку директни преговори.
Шпанија е меѓу другите западни земји кои се залагаат за такво признавање и е главен поборник за таков потег во рамките на Европската унија.
Австралиската министерка Вонг, сепак, ја отфрли улогата на Хамас, кој владее со Појасот Газа. „Хамас нема никаква улога во идната палестинска држава“, рече таа.
Палестинската самоуправа, која ја води движењето Фатах кое управува со Западниот брега, минатата седмица официјално побараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да го преиспита барањето од 2011 година да стане полноправна членка на светската организација. Палестина е присутна како земја не-членка, набљудувач во ОН, што е ист статус каков што има и Светата столица (Ватикан). Разгледувањето на тоа барање се проценува дека има мали шанси за успех, бидејќи САД се противат а имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН, и од почетокот на војната во Газа ланскиот септември веќе петпати го употребија спречувајќи резолуции за кои Вашингтон сметаше дека не се во прилог на неговиот главен сојузник Израел.
Вонг рече и дека „оние кои тврдат дека признавањето го наградува непријателот“ грешат, бидејќи сопствената безбедност на Израел зависи од решението со две држави. „Нема долгорочна безбедност за Израел доколку не биде признаен од земјите од неговиот регион“, рече мислејќи на арпаските земји во регионот кои не го признаваат постоењето на еврејската држава.