Австралија објави нова масовна евакуација

Австралиските власти повикаа на уште една масовна евакуација во југозападниот дел на земјата, откако топлото време предизвика нови пожари кои се закануваат на неколку населени места.

Премиерот на државата Викторија Даниел Ендрус ги повика луѓето да бидат претпазливи поради екстремните услови.

– Ако добиете инструкциии да заминете, тогаш мора да заминете, рече Ендрус во телевизиско обраќање.

Според него, „тоа е единствениот начин да се гарантира безбедноста на луѓето“.