Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во четвртокот во третото коло на Австралија Опен во Мелбурн, откако ја совлада Данката Клара Таусон со 6:4, 3:6, 6:2.
Два часа и 15 минути траеше мечот меѓу Азаренка и Таусон, 22. и 96. тенисерки на светската ранг листа. Во следното коло Азаренка ќе игра против Летонката Елена Остапенко, десетта на ВТА листата, која со 6-0, 3-6, 6-4 беше подобра од Австралијката Ајла Томљановиќ.
Во машкиот дел од турнирот во третото коло се пласираше Хуберт Хуркач од Полска. Деветтиот светски играч по пет сета славеше против Чехот Јакуб Меншик со 6-7, 6-1, 5-7, 6-1, 6-3. Негов следен противник ќе биде Французинот Уго Хамберт.