Петкратниот финалист на Австралија Опен, британскиот тенисер Енди Мареј оствари неверојатен пресврт во второто коло од годинешното издание на првиот гран-слем турнир сезонава, совладувајќи го домашниот играч Танаси Кокинакис со 4-6, 6. -7 (4), 7-6 (5), 6 -3, 7-5.
Кокинакис имаше водство 2-0 во сетови и 5-2 во третиот, но Мареј успеа да направи пресврт и да стигне до победа по пет часа и 45 минути, односно во 04:05 часот по локално време.
Средбата меѓу Мареј и Кокинакис траеше само осум минути пократко од најдолгата средба досега одиграна на Австралија опен, финалето во 2012 година помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.