Австралија Опен: Корда во три сета го елиминираше Медведев

Американскиот 22-годишен тенисер Себастијан Корда одигра одличен меч во третото коло на Австралија Опен, победувајќи го Русинот Данил Медведев со 7-6(7), 6-3, 7-6(4).

Со ова Корда првпат во својата куса кариера обезбеди осминафинале на Австралија Опен каде ќе игра против Полјакот Хуркач, а воедно од турнирот го елиминираше, покрај Новак Ѓоковиќ, барем на хартија, најголемиот фаворит на првиот грен-слем турнир годинава.

Во првиот сет и двајцата ги загубија своите сервиси дури трипати, а победникот од првиот сет беше решен во тај-брејк. Во него Корда беше во постојана мала предност и го доби тај-брејкот со 9-7.

Во продолжението од мечот Американецот и Русинот се стабилизираа во почетниот удар, но повторно за нијанса подобар беше Корда, а доволен му беше еден брејк за да го освои вториот сет.

Третиот сет Корда го отвори веднаш со брејк, но и ја загуби предноста со водство од 4-3 кога во игра се врати Медведев, но само накусо. Повторно, како и во првиот сет, одлуката беше решена во тај-брејк и повторно Корда беше психички посилен и подобар, а Русинот по финалето во Мелбурн во 2021 и 2022 година, овојпат турнирот го заврши веќе во третото круг.

Инаку, во пресрет на Австралија Опен, Корда играше во финалето на турнирот во Аделаида, каде беше поразен од Новак Ѓоковиќ во дуел на еден поен, 6-7, 7-6, 6-4. за српскиот тенисер.

Петр, таткото на Себастијан Корда, беше еден од најдобрите светски тенисери во втората половина на деведесеттите. Петр Корда освои една грен-слем титула во кариерата, во Мелбурн во 1998 година.

 

Австралија опен, тенисери 3-токоло:

Себастијан Корда (САД/29) – Данил Медведев (Русија/7) 7-6(7), 6-3, 7-6(4)
Хуберт Хуркач (Полска/10) – Денис Шаповалов (Кан/20) 7-6(3), 6-4, 1-6, 4-6, 6-3
Карен Хачанов (Русија/18) – Френсис Тиафо (САД/16) 6-3, 6-4, 3-6, 7-6 (9)
Јиржи Лехечка (Чешка) – Камерон Нори (Велика Британија/11) 6-7(8), 6-3, 3-6, 6-1, 6-4
Феликс Ожер-Алиасиме (Канада/6) – Франциско Серундоло (Аргентина/28) 6-1, 3-6, 6-1, 6-4
Јошихито Нишиока (Јапонија/31) – Мекензи Мекдоналд (САД) 7-6 (6), 6-3, 6-2
Стефанос Циципас (Грција/3) – Талон Грикспур (Низ) 6-2, 7-6(5), 6-3
Јаник Синер (Италија/15) – Мартон Фучович (Унгарија) 4-6, 4-6, 6-1, 6-2, 6-0

Тенисерки, 3-то коло:

Ига Свјатек (Полска/1) – Кристина Буска (Шпанија) 6-0, 6-1
Елена Рибакина (Казахстан/22) – Даниел Колинс (САД/13) 6-2, 5-7, 6-2
Елена Остапенко (Латвија/17) – Катерина Баиндл (Украина) 6-3, 6-0
Кори Гауф (САД/7) – Бернарда Пера (САД) 6-3, 6-2
Џесика Пегула (САД/3) – Марта Костјук (Украина) 6-0, 6-2
Барбора Крејчикова (Чешка/20) – Анхелина Калинина (Украина) 6-2, 6-3
Викторија Азаренка (Белорусија/24) – Медисон Кис (САД/10) 1-6, 6-2, 6-1