Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев ќе играат во машкото финале на првиот овогодишен тениски Гран-слем турнир Австралија Опен.
Откако Синер го победи бранителот на титулата, десеткаратниот победник во Мелбурн и светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ во првото полуфинале претходно во петокот со 6-1, 6-2, 6-7 (6), 6-3, Медведев направи голема пресврт во второто полуфинале го победи сонардоникот со германски пасош Александар Зверев со 5-7, 3-6, 7-6 (4), 7-6 (5), 6-3.
Зверев делуваше подобро во поголемиот дел од дуелот кој траеше речиси четири ипол часа, имаше водство од 2-0 во сетовите, но Медведев одигра одличен „тај-брек“ од третиот сет, а клучниот момент се случи при 5-5 во „тај-брејкот“ од четвртиот сет. Потоа, во подолга размена, ударот на Медведвл го погоди врвот од мрежата, топката беше префрлена на страната на Зверев кој немаше шанси да ја врати. Медведев потоа го доби четвртиот сет со „ас“ и доминираше на теренот во петтиот сет.
За Медведев ова е трет пласман во финалето на Австралија Опен, во 2021 година загуби од Ѓоковиќ, а во 2022 година од Надал. Досега има освоено еден Гран-слем“ турнир – УС Опен во 2021 година. Од друга страна, Синер в недела првпат во кариерата ќе игра во финалето на „гранслем“