Новак Ѓоковиќ по 45. пат во кариерата ќе игра четвртфинале на гренд слем турнир, во случајот на Австралија опен. Најдобриот српски тенисер во осминафиналето, по нешто повеќе од два часа игра, го елиминира Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:4, 6:4. Негов нареден ривал во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ.
Ѓоковиќ во првото коло триумфира над Јан Ленард Штруф од Германија со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1, во второто го порази Јапонецот Тацума Ито 6:1, 6.4, 6:2, а во третото беше подобар и од Јошихито Нишиока со 6:3, 6:2, 6:2.
Раониќ, пак, во осминафиналето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 6:4, 6:3, 7:5.
Тунижанката Онс Жабер продолжува со одличните партии на Австралија опен. По триумфот над Каролина Возњацки во третото коло, таа славеше и над Кинеската Чанг Ванг со 7:6, 6:1 Софија Кенин излезе како победничка од американскиот дуел со Коко Гоф (6:7, 6:3, 6:0), а пласман меѓу најдобрите осум кај дамите обезбеди и Петра Квитова по победата над Марија Сакари од Грција 6:7, 6:3, 6:2.