Австралија Опен: Ѓоковиќ, Гоф и Сабаленка без проблеми во четвртфиналето

Бранителите на титулата од минатата година на Австралија Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка лесно ги добија своите натпревари во неделата и лесно се пласираа во четвртфиналето.

Ѓоковиќ за 104 минути го совлада Французинот Адријан Манарен (АТП – 19.) со 6:0, 6:0, 6:3, кој не можеше најдобро да се справи со најдобриот тенисер на светот во неговот најдобро издаение од досегашниот тек на турнирот

Иако ова беше прв дневен натпревар на Ѓоковиќ на овогодинешниот Австралија Опен, тенисерите не беа изложени на надворешни влијанија како топлина и влажност, бидејќи покривот над арената „Род Лејвер“ беше затворен поради променливо време и повремени врнежи од дожд.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Американецот Тејлор Фриц и Гркот Стефанос Циципас, кој му беше противник во минатогодишното финале одиграно во „Мелбурн Парк“.

И минатогодишната победничка на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, не ѝ дозволи на Аманда Анисимова, Русинката со американски пасош да се извлече. За 70 минути победи со 6-3, 6-2 и стигна до своето шесто последователно грем-слем четвртфинале, а вкупно осмо. Одличната белоруска тенисерка има одлично искуство досега кога е во прашање четвртфиналето на четирите најголеми турнири, бидејќи ги освои сите седум.

Во ова противничка ќе ѝ биде победничката од дуелот меѓу 16-годишната руска сензација Мира Андреева и победничката на Ролан Гарос во 2021 година, Чехинката Барбора Крејчикова.

Другата четвртфинална двојка во долниот дел од жрепката е веќе позната, а ја сочинуваат актуелната победничка на УС Опен, 19-годишната Американка Коко Гоф и 21-годишната Украинка Марта Костјук, која првпат успеа да вчезе меѓу најдобрите осум на еден грен-слем турнир.

На Гоф ѝ беа потребни само 63 минути за да победи со 6:1, 6:2 против Полјачката Магдалена Фреч, а Костјук остана на теренот само 13 минути подолго, победувајќи ја руската квалификантка Марија Тимофеева со 6:2, 6:1.