Австралија Oпен: Ѓоковиќ во полуфиналето

Првиот тенисер во светот и бранител на титулата во Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на овогодинешното издание на првиот гран-слем турнир во сезоната во Мелбурн, откако по повеќе од трии пол часа игра го победи Американецот Тејлор Фриц со 7-6 (3), 4-6, 6-2, 6-3.

Ова е 11-ти пат во кариерата Ѓоковиќ да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, а во сите десет претходни случаи кога стигна до оваа фаза, на крајот и ја освојуваше титулата.

За српскиот тенисер ова е воедно 33-та последователна победа на Австралија Опен, последен пат загуби во 2018 година, во 4-то коло од Кореецот Хјеон Чунг.

До победата против Фриц, Ѓоковиќ стигна и покрај тоа што ги промаши сите 15 први „брејк-болови“ на мечот што ги имаше, а на крајот од мечот неговата реализација на „брејк-топки“ беше 4-21.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Италијанцот Андреас Сепи и Русинот Андреј Рубљов.