Двократната бранителка на титулата на Австралија опен, светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, се пласираше во финалето на првиот грен-слем турнир во сезоната во четвртокот, победувајќи ја Шпанката Пола Бадоса со 6-4, 6-2.
Првата носителка Сабаленка, на која ѝ беа потребни еден час и 27 минути за да стигне до своето трето последователно финале на Австралија опен, го чека победникот од вториот полуфинален меч меѓу втората носителка Ига Швјонтек од Полска и Американката Медисон Киз.
Белорусинката ќе се обиде да стане првата тенисерка која освоила три титули на Австралија опен по ред по Мартина Хингис (1997-99) во финалето во сабота.
Иако Сабаленка го загуби сервисот на почетокот на првиот сет и беше во негатива од 0-2, таа освои четири поени во низа и ја презеде контролата врз играта.
„Се наежив. Толку сум горда на себе и на мојот тим што стигнавме до овој момент. Ако го запишам моето име во историјата, тоа ќе ми значи сѐ на светот, не можев ни да сонувам… Ќе излезам и ќе дадам сѐ од себе во финалето“, рече Сабаленка.
Бадоса се обиде да ја покаже борбеноста со којашто во четврфиналето ја елиминираше светската тенисерка број три, Американката Коко Гоф во четвртфиналето. Но, притисокот на Сабаленка ја исцрпи и таа заврши со двојни грешки и загуби сервис во третиот гем од вториот сет.