Германскиот тенисер Александар Зверев е последниот полуфиналист на овогодинешниот прв гран-слем турнир на Австралија Опен во Мелбурн, тој во четвртфиналето го победи вториот носител и актуелен победник на Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкараз со 6-1, 6-3, 6-7 (2) 6-4.
Првите два ипол сета Зверев ги одигра феноменално и со водство од 5-3 во третиот сет сервираше за меч. Но, тогаш Алкараз понуди дел од својата тениска магија, првпат на мечот му го одзеде сервисот на германескиот противник, а потоа со неколку одлични поени доминираше во „тај-брекот“ и го одведе мечот во четвртиот сет. Сепак, Зверев во тој дел од играта успеа да најде начин да дојде до победата.
За Зверев ова е прва победа против ТОП5 играчи на грен-слем турнири, иако ова му е седми пласман во полуфиналето. Во Мелбурн беше меѓу последните четворица во 2020 година, на Ролан Гарос стигна до полуфиналето три години со ред (2021/2023), додека на УС Опен во 2020 година го одигра своето единствено финале, а во 2021 година повторно стигна до полуфиналето.
Во петок Зверев ќе игра во полуфиналето против светскиот рекет број три, Русинот Данил Медведев, кој претходно во средата го победи Полјакот Хуберт Хуркач со 7-6 (4), 2-6, 6-3, 5-7, 6-4.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на титулата и светски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Јаник Синер.