Австралија подобра од Франција, Бразил загуби од САД

Кошаркарите на Бразил останаа без пласман во четврфиналето на Светското првенство во Кина откако во средбата од последното коло од Групата К беа поразени од репрезентацијата на САД со 73:89.

На Бразил му беше неопходна победа за да влезе меѓу осумте најдобри селекци на турнирот, но и покрај тоа што до полувремето неговите кошаркари одржуваа некаков резултатски приклучок, во продолжението нивната игра целосно се распадна. Покрај тоа, поради две технички грешки уште во втората четвртина беше исклучен и бразилскиот селектор Алескандар Петровиќ.

Американците до победата ги предводеа Кема Вокер и Мајлс Тарнер со по 16 коша, додека во бразилските редови најефикасни беа Витор Бените си 21, и Леонардо Барбоса и Андерсон Варежао со по 14 кошеви.

Американците со оваа победа си го обезбедија првото место во групата и во четвртфиналето ќе играат против Франција која за првото место во Групата Л загуби од Австралија со 98:100.

Ова беше дуел на две израмнети селекции во кој решаваа нијансите. Франција на крајот од првата четвртијна имаше поен предност (24:23), на полувремено беше 66:66, а во третата делница Французите отидоа и на 9 разлика (70:61). Австралија кон крајот од третата четвртија успеа да намали на четири поени заостанување, а по три минути игра во последната четвртина и поведе со 82:79. Во последните три минути се влеза израмнето 87:87, а преднос немаше ниедна страна ни на минута до крајот 94:94.

Џо Инегес тогаш ги доведе Австрлијците во предност 96:94, израмни Нандо де Коло, да би Метју Делаведова на 30 секудни пред крајот реализираше две фрлања за нова австралиска предност. Де Коло на 16 секудни пред крајот уште еднаш израмни, а Делаведова пет секунди пред крајот доби можност од линијата за слободни фрлања да ги приближи Австралијците до победата. Го погоди само првото фрлање за 99:98, а воторо го промаши. Франција имаше четири секунди за победа, но Андрју Албици погрешно додаде, Пети Милс ја икраде топката а Мич Крик од линијата а слободни фрлања ја потврди австралиската победа.

Кај победникот најефикасни беа Милс со 30 коша, Инглес со 23 и Бајрон Бајнес со 21 кош. Кај Французијте најефикасни беа Еан Фурние со 31 и Де Коло со 26 коша.

Австралија го освои првото место во групата и во четвртфиналето ќе игра против Чешка, додека Французите ги очекуваат Американците.

Сега се познати сите четвртфинални двојки. Во вторник ќе играат Србија – Аргентина во 13 часот, и Шпанија – Полска во 15 часот, а во среда се среќаваат САД – Франција во 13 и Австралија – Чешка во 15 часот.