Австралија започнува со гласањето за правата на домородните народи

Во Австралија започна предвременото гласање за реформа со којашто ќе бидат признаени домородните народи првпат во уставот од 1901 година.

Предлогот, кој ќе им даде право на домородните народи да бидат консултирани за политиките што ги засегаат, според неодамнешните анкети, ужива поддршка од малцинствата.

„Ние се бориме да задржиме дополнителен слој на бирократија надвор од нашиот устав“, рече противничката на референдумскиот предлогот 60-годишната Ди Дашесе на предвременото гласање во Сиднеј.

Оние кои нема да можат да гласаат на 14-ти октомври, кога се одржува референдумот, може да го дадат својот глас порано.

Избирачките места беа отворени во Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија и Територија на австралиската престолнина во вторникот, а еден ден порано и во остатокот од земјата.

Надвор од избирачкото место во центарот на Сиднеј, активисти од двете партии делеа памфлети. Поддржувачите на уставните амандмани веруваат дека консултациите со Абориџините и Островјаните од Торескиот теснец ќе помогнат да се креираат ефективни политики. Противниците, пак, велат дека планот е лошо замислен, создава непотребна бирократија, ги поттикнува расните поделби, им дава посебни привилегии на домородните луѓе и нема значително да ја подобри нивната ситуација.

Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека нешто повеќе од 40 отсто од гласачите би гласале за уставни измени, додека противниците се речиси 60 отсто. Анкетата на Guardian Essential објавена во вторник покажува благ пораст на страната „да“, но страната „не“ останува во водство.