Австралијците го отфрлија предлогот за правата на домородците

Австралијците во саботата јасно и решително на референдумот го отфрлија предлогот во уставот на земјата да биде признаено домородното абориџинско население на крајот од заострената кампања којашто ги продлабочи расните поделби во Австралија.

По преобрените гласови во три четвртини од избирачките места во земјата, се проценива дека 55 отсто од гласачите гласеле против текстот со кој е предложено домородните народи да станат уставна категорија како први житело на овој голем островски континент и да им се овозможи „посебен глас“.

Австралијците заокружуваа „да“ и „не“ на гласачкото ливче со кое беа прашани дали се согласуваат со предлогот кој би ги признал домородните абориџински народи и би овозможил формирање советодавни тело на автохтоното население во парламентот.

Со предлогот се предивудвање воспоставување советодавно тело под називот „The Voice“ (Глас), коешто парламентот и владата би ги советувал за законите и јавните политики коишто имаат влијание врз домородното, абориџинското и островското население во Торесовиот теснец. Советот требаше да ги претставува 984.000 луѓе или 3,8 отсто пд австралиското население.

„За многу абориџински народи и жители на Торсеовиот теснец оваа кампања беше исклучително тешка, а ќе биде многу тешко да се поднесе и нејзиниот исход“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Групата којашто се залагаше за промена на уставот на Австралија од 1901 година во почетокот главно беше во мнозинство, но последните месеци постепено почна да ја губи почвата под нозере, особено поради кампањата што ја водеше конзервативната опозиција, а која ја предводи поранешниот министер за одбрана Питер Датон.

За конзервативниот табор реформата претставуваше мешање во уставот и последично потенцијални поделби во општеството, како и создавање разлики по прашањето на државјанството.

Лидерот на кампањата под мотото „Yes23“, Дин Паркин, изјави дека е „,многу тешко да се поднесе резултатот, и покрај тоа што беше сторено сѐ што се можеше“, и вети дека ќе продолжи со напорите за правата на домородното население.

Кампањата предизвика лавина расистички коментари на социјалните мрежи, со мноштво лажни информации. Некои изразуваа загриженоста дека во прашање може да бидат доведени сопственичките права или, доколку бидат усвоени реформите, да се плати одредена отштета за гревовите во минатото.

За приврзаниците на „The Voice“, оваа реформа требаше да придонесе за зацелувањето на сѐ уште отворените рани од периодот на колонизацијата и расната репресија.

Денес, повеќе од 200 години по британската колонизација на островскиот континент, автохтоните жители на Австралија чиишто предци на овој контитент живееле најмалку 60.000 годони, имаат исти права како и другите граѓани, но сѐ уште не се во сѐ израменти со своите сограѓани. Сѐ уште не се споменати во австралискиот устав и, гледајќи ги социјално-економските фактори, се најзагрозената група во земајта.

 

„Ден на срамот“.

Карен Вјат, 59-годишна Австралијка којашто заукружила „да“ на референдумот, смета дека доколку биде одбиен „The Voice“, тоа ќе биде „ден на срамот за Австралија“.

Една година повозрасната Ди Душесне, којашто заокружила „не“, појаснува дека сакала да се „избегнат дополнителни бирократски работи кои би влегле во уставот“. Додава дека и ја нарекле расистка додека делела летоци близу гласачко место во Сиднеј, но таа тврди тоа таа не е.

Лидерот на абориџенското население Томас Мајо изјави дека е гневен на сите оние коишто се залагале за тоа на референдумот да се гласа против.

„Ги лажеа Австралијците. Австралискиот нареод не би ребало да го заборави овој нечесен чин. Во нашата демократија би треало да постојат последици за ваквото однесување и никој не би смеело да се извлече со тоа“, рече Мајо.

Премиерот Ентони Албанеза, пропадни на левиот политички центар, кој беше силно ангажиран во кампањата, во саботата го упати последниот повик до гласачите кои можеби не го слушнале.

„Станува збор за почитување на автохтоните жители на Австралија. Станува збор за тоа на кој начин се гледаме себеси како нација, но и како нѐ гледа свеот“, рече Албанеза.

Гласањето беше задолжително за 17,5 милиони австралиски гласачи. Реформата, за да биде усвоена, требаше да доие не само мнозинство од гласовите на национално ниво, туки и во најмалку четири од шесте сојузни држав во Австралија. Според сегашните резултати, не успеа да го оствари ниту едното, ниту другото.