Австралиец со помош на евтин детектор за метал успеал да најде грутка злато тешка 4,6 килограми којашто содржи злато чијашто вредност е проценета на 130.000 британски фунти.
Мажот, кој сакал да остане анонимен, грутката ја открил на златните полиња во сојузната држава Викторија коишто во XIX век биле центарот на ткн златна треска во Австралија, пишува BBC.
Дарен Кемп, кој го проценил и откупил примерокот, за BBC рекол дека тоа е најголемата златна грутка којашто ја видел во својата 43-годишна кариера.
„Бев запрепастен… Такво нешто се пронаоѓа еднаш во животот“, рекол Кемп.
Додал дека не се двоумел премногу кога во неговата канцеларија влегол мажот кој го пронашол златото, прашувајќи го дали смета дека грутката содржи злато верно околу 10.000 австралиски долари.
Кемп му одговорил дека вредноста е многу поголема и оти изнесува 240.000 австралиски долари или околу 130.000 британски фунти. Имено, во грутката тешка 4,6 килограми имало околу 2,6 килограми злато.
Рекол дека среќникот многу бил израдуван затоа што големата сума ќе може да ја потроши на своето семејство. Додал и дека особено дека пресреќна ќе биде неговата сопруга.
Иако ваквите пронаоѓања се ретки, се проценува дека Австралија ги има најголемите светски резерви од злато, а многу од најголемите златни грутки на светото се пронајдени токму во оваа земја.