Австралија се бори со нов бран на коронавирусот, расте бројот на починатите

Австралија во четвртокот го забележа еден од најголемиот број на смртни исходи од коронавирусот на дневно ниво, а хоспитализациите се речиси на рекордни нивоа, додека властите се справуваат со високо заразната подваријанта на омикрон сојот.

Подваријантите на омикрон сојот BA.4/5 успешно ја избегнуваат заштитата од вакцините или од претходна инфекција, и се главните причини за глобалниот раст на бројот на заразените со коронавирусот,

Австралија последните денови бележи рекордни бројки на смртни исходи од Covid-19. Во четвртокот се регистрирани 89 а во средата 90 смртни исходи.

Во четвртокот се потврдени повеќе од 55.000 нови зарази, што е најголема броја од 18-ти мај годинава.

Премиерот Ентони Албанезе изјави дека државните власти и сојузните здравствени функционери не препорачале воведување на задолжително носење маски во затворени простори, и покрај апелите на некои лекари да се воведе таквата мерка.

Австралија во претходните бранови на коронавирусот воведуваше ригорозни рестриктивни мерки, но јавноста веќе не го поддржува таквиот пристап.

„Нема смисла да се воведе обврската (за носење маски), доколку таа не се спроведува“, изјави Албанезе за радиото ABC News и додаде дека здравствените власти треба да го земат предвид влијанието на острите рестрикции врз менталното здравство.

Бројот на хоспитализираните со дијагностициран Covid-19 е близу рекордниот показател од јануари годинава. Во австралиските болници во моментов има 5.350 такви пациенти.

Властите ги повикаа компаниите да им дозволат на работниците работа од дома, и на населението му препорачаа да ја примата дополнителната „бустер“ доза од вакцините. Таа доза досега ја примиле 71 отсто од Австралијците, а 95 отсто од жителите постари од 16 години примиле најмалку две дози.