Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп денеска престојува во официјална посета на Македонија.
Австралиската министерка Бишоп, најави македонското МНР, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија.
Како што најави собраниската служба за информирање, шефот на австралиската дипломатија попладне ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.