Австралиската полиција се судри со стотици демонстранит против „затворањето“ во метрополите Мелбурн и Сиденр во саботата, а истовремено земјата пријави досга највисок број заразени со коронавирусот.
Коњичката полиција во Мелбурн употреби лут спреј за да ја растури масата која продираше кон полициските редови. Во Сиднеј, пак, голем контингент на интервентната полицијата спречи собирање на далеку помал број демонстранти. Засега нема информации за уапсени.
Во сојузната држава Викторија полицијата најави парични глоби во висина од 3.600 американски долари за секој за кого ќе биде утврдено дека учествувал на протест против строгите епидемиолошки мерки и затворањето.
Петмилионскиот Сиднеј сега повеќе од два месеца е во строг „локдаун“, но досега не успеа да ја сузбие епидемијата којашто се проширила преку меѓународните граници и на соседен Нов Зеланд. Повеќето од 894-те случаи пријавени во цела Австралија се однесуваат на Сиднеј, кој стана жариште на ширењето на делта варијантата на коронавирусот.
„Тука во Нов Јужен Велс се наоѓаме во многу сериозна ситуација. Сега не е време за себичност, време е да се мисли на пошироката заедница и на своите семејства“, исткана министерот за здравство на оваа сојузна држава Брд Хазард.
Во Сиднеј се распоредени полициски патроли кои го сопираат приватниот и јавниот сообраќај кон центарот на градот, за да го намали бројот на лицата кои се собираат на недозволениот протест, пренсуваат медиумите.
Во Мелбурн голема маса луѓе успеало да протестира низ градот, а некои демонстранти се судриле со полицијата, откако премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјуз го прошири „затворањето“ на целата држава.
Комесарот на полицијата во Викторија, Шејн Патон, претходно ги предупреди граѓаните да го избегнуваат протестот и додадек дека „всушност е смешно да се мисли дека луѓето би можеле да бидат толку себични и да дојдат да протестираат“.
Австралијците не ги поддржуваат многу протестите против „локдауниот“. Анкетата која кон крајот на јули ја спроведе компанијата за истражување на пазарите „Utting Research“, покажа дека само 7 отсто од граѓаните ги поддржуваат протестите.
Од средината на јуни Австралија се справува со третиот бран на епидемијата на Covid-19, која започна да се шири од Сиднеј.
Само третина од Австралијците на возраст од 16 и повеќе години се целосно вакцинирани, според податоците на сојузното министерство за здравство објавени во саботата.
Бројот на зарази со Covid-19 во Австралија и натаму е релативно низок во споредба со другите земји во светот, малку повеќе од 43.000, а регистрирани се 978 смртни исходи од болеста.