Првиот човек на комисија за безбедност и разузнавачки служби во парламентот на Австралија, Ендрју Хасти, предупреди на силниот кинески раст, тврдејќи дека моменталното австралиско искуство со Кина е многу слично на француското искуство со растот на нацистичка Германија во периодот пред Втората светска војна.
Во личниот коментар за весникот Sydney Morning Herald and The Age, шефот на парламентарната комисија за безбедност и разузнавачки служби, Ендрју Хасти, кој доаѓа од владејачката конзервативна партија, тврди дека во текот на следата деката поради силниот кинески раст, Австралија ќе се соочува со најголемите економски и предизвици во сферата на националната безбедност.
„Доколку не го сфатиме предизвикот кој стои пред нас… другите ќе избираат за нас. Нашиот суверенитет, нашата слобода ќе бидат намалени“, пишува Хасти.
Според него, Западот еднаш верувал дека економската либерализација природно ќе доведе до тоа Кина да стане деморкатија, што е идентично како што Франција верувала дека челичните и бетонските утврдувања ќе го спречат германското напредување во 1940-те години.
„Но нивното рамислување било катастрофално погрешно. Французите пропуштиле да ја уважат еволуцијата на мобилното војување (исто како што Австралија пропушта да види) колку мобилен стана нашиот авторитарен сосед“, предупредува во коментарот за весникот Хасти, поранешен полковник во специјалните сили SAS.
Австралија се соочува со голем предизвик настојувајќи да балансира меѓу своите односи со Кина, која е нејзина најголем трговски партнер, и односите со САД, својот најблизок стратешки партнер.
Австралиските медиуми многу брзо и главно негатовно реагираа на коментарите на Хасти. Пратеникот на опозициските лабуристи, Џим Чалмерс, исто така, ставовите на конзервативецот ги нарече „пренадуени“, велејќи дека не се добредојдени и дека Австралија би требало претпазливо да ги поставува комплексните прашања додека истовремено ги средува своите односи со Кина.
„Овој вид интервениција го чини потешко, а не полесно (балансирањето на односите со Кина)“, изјави Чалмерс за австралиското радио ABC.