
Водечките австралиски весници излегоа во понеделникот со редактирани насловни страници во рамките на заедничката кампања со којашто ја повикуваат владата подобро да ја заштити слободата на новинарската дејност.
Насловните страници прикажуваат темелно редактиран владин документ, со што сака да се алудира на опсежната цензура. Издавачките куќи воедно покренаа медиумска кампања, барајќи измена на законот со кој работата на новинарите и активизмот на ткн „свиркачи“ може да се квалификува како кривично дело.
Така The Sydney Morning Herald бара „опсежна измена на законот за да се прекине ускратувањето на информациите“. Весникот The Australian, пак, предупредува на „долготрајните напади врз правата на новинарите“.
Кампањата „Твое е правото да знаеш“ ја покренаа во јуни годинава деветнаесет медиумски организации и новинарски здруженија, протестирајќи против упадот на полицијата во канцелариите на јавната телевизија и во стан на еден новинари во потрага по документи кои им ги доставиле „свиркачи“.
Во изминатите 20 години усвоени се повеќе од 60 нови закони кои дефакто овозможуваат кривично гонење на новинарската работа и казнување на доставувачите и информаторите на медиумите, предупредуваат во најновата акција организаторите на кампањата. Незабележливо но континуирано се усвојуваат законот кои на владата и на државните службеници им овозможуваат прикривање на скандали или ограничувње на пристапот до информациите, тврдат.
„На Австралија ѝ се заканува опасноста да стане најтајната демократија“, истакна во соопштение извршниот директор на јавната телевизија ABC, Дејвид Андерсом.
Новинарскиот еснаф, меѓу другото, бара право на оспорување на барањето за претреси на просториите и построги критериуми за означување на документите за доверливи.
Началникот на австралиската сојузна полиција, Рис Кершоу, изјави ви пенеделникот пред комитетот на Сенатот кој ги истражува случаите на претреси во медиумските куќи и нарушувањата на правата на новинарите, дека ја разгледуваат можнсота да го променат односи кон чувствителните информации.