Австрија ќе обезбеди милион дози од вацините за коронавирусот за западен Балкан

Австрија ќе обезбеди милион дози од вакцините против Covid-19 за земјите од западен Балкан окрај дозите коиште веќе ги испраќа во овој регион во името на Европската унија, изјави во петокот австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Канцеларот го најави тоа по самитот со колегите од земјите од поранешна Југославија кои сѐ уште не се членки на Европската унија. На средбата, исто така, учестуваше и претставникот на Албанија.

Курц потсети дека Австрија на западен Балкан веќе дистрибуира 651.000 дози од вакцините против коронавирусот како донација на ЕУ.

„Покрај тоа, сакаме да дадеме билатерален придонес како Република Австрија и одлучивме како влада да обезбедиме милион дози од вакцините за државите од западниот Балкан“, изјави Курц за новинарите по самитот.

Дозите ќе бидат испорачувани од август до крајот на годината, додаде австрискиот канцелар, без да прецизира кои земји ќе ги добијат, ниту колку вакцини ќе бидат распределени меѓу нив. Курц, исто така, не кажа ниту од кој производител вакцините ќе бидат испорачани.

Дозите од ЕУ на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ кои Австрија им ги испраќа на државите на западен Балкан, алоцирани се во април во согласност со потребите на земјите кои беа оцените во Брисел и пријавени од самите држав. Најмногу доби Босна и Херцеговина, па следеа Албанија и Македонија.