
Првите два случаи на зараза со новиот сој коронавирус Covid-19 во вторникот се потврдени во австриската федерална покраина Тирол, пренесе јавната телевизија ORF.
Кај двајцата заразени е изменерано мало зголемување на телесната температура. Познато е дека од едниот од пациентите е родум од Ломбардија, италијанската покраина која е силно зафатена од епидемијата на коронавирусот. Во моментов двете лица се згрижени на инфективниот оддел во клиниката во Инсбрук.
Во првиот случај се работи за 24-годишен маж кој изминатиов период престојувал во Ломбардија. Тој со симптоми на треска и висока температура бил хоспитализиран во Инсбург, каде што лекарите потврдиле дека се работи за лице заразено со коронавирус.
Вториот потврден случај во градот Линц, каде што 55-годишен маж е хоспитализиран со симптоми на болеста. И тој изминатиот период престојувал во Италија, па лекарите сметаат дека таму и се заразил.