Австрија ги засили царинските контроли поради свинска треска во Србија

Австрија ги засили царинските контроли на своите граници за да се заштити од свинска треска што се појави во Србија, соопшти австриското Министерство за финансии. Целта на цариниците првенствено е приватниот превоз на прехранбени производи од Србија.

Министерството посочува дека свинската треска е многу заразна и смртоносна болест за сите раси на свињи, која може да се пренесе и преку животински намирници.

Министерството предупредува дека увозот на месо и месни производи од Србија, како и од повеќето други земји надвор од ЕУ, е забранет, без оглед на количината.

Редовните проверки од цариниците, како што е најавено, ќе бидат засилени.