![f7c0633104894a32fc705898afb8e4acad46a38bfd39affaf8d08b3056222235](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/f7c0633104894a32fc705898afb8e4acad46a38bfd39affaf8d08b3056222235.jpg?resize=429%2C250&ssl=1)
На сексуалните работници во Австрија од средата им е дозволено да продолжат со својата дејност, а министерството за здравство издаде и список со препораки за спречување ширење на новиот коронавирус без оглед на интимната природа на оваа дејност.
„Ограничете го физичкиот контакт на минимум“, советува министерството и додава дека проститутките и клиентите во текот на сексуалниот однос требада да избегнуваат да бидат лице в лице.
Министертвото, исто така, предупредува дека треба да се избегнуваат бакнувањата и групниот секс. И клиентите и сексуалните работници треба да користат еднократни заштитни маски, препорачуваат властите.
Според препораките, јавните куќи треба клиентите да ги информираат за здравствените и хигиенските правила, а сексуалните работници не треба да ги нудат своите услоги на лица кои имаат симптоми на Covid-19 како што се кашлици, недостиг од здив или треска.
Пред составувањето на листата со препораките, министерството одржа округла маса на којашто учествуваа и претставници на сексуалните работници, за да се слушнат и нивните мислења.
„Многу ни е мило што министерството се реши за препораки наместо со закани со казни“, изјави Ева ван Раден која го води виенското советувалиште за сексуалните работници во рамките на хуманитарното здружение „Volkshilfe“
„Голем број лица кои работата во оваа дејност се многу заинтересирани за примена на мерките за здравствена сигурност, со или без пандемијата“, изјави ван Раден за агенцијата DPA.
Но, како што признава, жените кои своите услуги ги нудат на улиците тешко ќе можат да ги применат новите препораки.
Во Австрија, според податоците на властите, има регистрирано околу 8.000 сексуални работници.