Австрија: Кавга по протекување таен коалициски документ

Таен документ во врска со коалициските прековори на Народната партија на Австрија (ÖVP) и партијата Зелени (Die Grünen/Die Grüne Alternative), кој изминатиот викенд дојде во јавноста предизвика во понеделникот остро несогласувања во владејачката коалиција.

Австриската партија на Зелените го обвинува поранешнито канцелар и претседател на ÖVP, Себастијан Курц, дека за да им наштети свесно во јавноста ја дал тајната дополнителна клаузула, ткн „сајдпејпер“ од коалицскиот договор меѓу двете партии.

Во документот, којшто изминатиот викенд го објави Австриската новинска агенција (APA), се зборува за поделбата на министерските позиции по формирањето на владата, како и за влијанието врз јавнито медиумски сервис ORF.

Некои медиуми викендов пренесуваа за тоа дека од документот е видливо дека Зелените ќе го добијат правото на одлучување за претседателот на издавачкиот совет на ORF во замена за одобрувањето воведување дополнителна забрана за носење шамиии за наставничките во јавните училишта, којашто е иницијатива на ÖVP.

И двете партии во понеделникот негираа дека таков договор некогаш бил постигнат.

Но австриските медиуми оваа дополнителна тајна клаузула од коалицискиот договор ја карактеризираат како „потенцијал за внатрекоалициски тензии“, особено поради тоа што е очигледно дека за овие тајни договори меѓу потенцијалните коалициски партнери знаел многу тесен круг во водствата на двете партии.

Зелените, меѓутоа, на наследникот на Себастијан Курц на позициите канцелар и претседател на ÖVP, Карл Нехамер, не му префрлаат дека е вмешан во истекувањето на информациите во јавноста кошто би можеле да ѝ наштетат на партијата.

Двете партии од јануари 2020 година се заедно на власт откако претходно во екот на ткн „Ибица скандал“, се распад коалицијата на ÖVP и Слободарска партија (FPÖ). Себастијан Курц по обвинувањата во јавноста за наводна корупција минатата есен се повлече од активната политика.