Во вторникот, неколку седмици по парламентарните избори во Австрија, австрискиот претседател Александар ван дер Белен му го даде мандатот за формирање влада на Карл Нехамер, поранешен канцелар и претседател на второпласираната Австриска народна партија (ÖVP).
„За време на разговорите последните седмици, се покажа дека Партијата на слободата на Австрија (FPÖ) и нејзиниот претседател Херберт Кикл не можат да најдат коалициски партнер“, ја објасни својата одлука Александар ван дер Белен да му го довери мандатот на второпласираната ÖVP и нејзиниот претседател Карл Нехамер, наместо релативниот победник на изборите за FPÖ.
Ван дер Белен рече дека ÖVP и третопласираната Социјалдемократска партија на Австрија (SPÖ) на изборите на крајот од септември објасниле во разговорите дека „од страв за демократијата и владеењето на правото“ не можат да коалицираат со крајно десничарската партија FPÖ.
Овие партии го објаснија своето одбивање да соработуваат со десничарските „слободарци“ со нивната блискост со Русија и „недостигот од дистанца“ од радикалните десничарски сили во Австрија.
„На Австрија ѝ треба ефикасна, стабилна и независна влада“, рече Ван дер Белен.
Тој не ја исклучи можноста во работата на идната влада да учествуваат партиите на Зелените или либералната партија Неос, за да се постигне „посилна поддршка во парламентот“.
На австриските парламентарни избори на 29-ти септември, FPÖ освои 29 отсто од гласовите, популистичката ÖVP – 26, социјалемократската SPÖ 21, Неос девет и Зелените осум отсто.
Уште пред изборите, ÖVP навести дека може да ја отфрли можноста за коалиција со FPÖ во случај нивниот претседател Кикл, чиишто ставови ÖVP ги смета за премногу радикални, сака да учествува во работата на владата. ÖVP и FPÖ веќе формираа коалиција на федерално ниво, но коалицијата и владата на тогашниот канцелар Себастијан Курц се распаднаа во 2019 година поради улогата на FPÖ во корупцискиот скандал во Ибица. „Слободарците“ тврдат дека е конструирана од германските и друи разузнавачки служби за да ѝ се зададе конечен удар на партијата која е на удар на етаблираните партии и од нив контролираните медиуми уште од самото нејзино основање.
Но „слободарците“ по ткн „Аферата Ибица„, која доведе до распаѓање на народњачко-слободарската коалициска влада на Себастијан Курц, закрепна релативно брзо, првенствено со застанување на страната на противниците на заштитните мерки за време на пандемијата на коронавирус, со негирање на климатските промени, но и со заострување на нивната антиимиграциска политика. .