Австрија на уметниците ќе им плаќа по 1.000 евра месечно за преживување на коронакризата

Самостојните уметници во Австрија ги исполнуваат условите за месечна исплата од 1.000 евра за преживување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објави владата во четвртокот одговарајќи на притисокот од културната сфера.

Владата во Виена воспостави фонд од 90 милиони евра од кој помош ќе добиваат околу 15.000 уметници во втората половина од годинава.

„Свесни сме дека прекунувањето (на културниот живот) ќе трае подолго од еден или два месеца“, изјави министерот за култура и заменик-кнацелар Вернер Коглер на прес-конференција.

Објавата дојде ден откако министерот за финансии Гернот Блумер рече дека се издвоени 25 милиони евра за покривање на загубите на филмската индустрија која запре поради пандемијата.

Австриската влада, исто така, подготвува план за помош на големите културни институции.

Државната секретарка за прашање во сектрото култура од партијата Зелени, Улрике Лунацек, се повлече од должноста по критиките и минатата седмица беше заменета од Андеа Мејер, поранепна виша советничка во министерството за култура.