Австрија планира заострување на епидмиолошките мерки за справување со коронавирусот кои доколку дојде до влошување на ситуацијата предвидуваат ограничување на движењето на невекцинираните, соопштија властите во саботата.
„Ние сме на прагот на влегување во пандемија на незаштитените и невакцинираните“, изјави новиот австриски канцелар Александер Шаленберг по средбата со премеирите на сојузните покраини во петокот доцна вечерта.
Шаленберг искучи нови мерки на „затворање“ за оние кои се вакцинирани или оздравеле од Covid-19. Истовремено објасни дека строгите мерки за ограничување на движењето ќе бидат воведени за невакцинираните доколку се влоши епидемиолошката ситуација во земјата и на одделите за интензивна нега во австриските болници.
„Се надевам дека оваа мерка ќе им испрати сигнал на оние коишто се колебаат а коишто сѐ уште ги има премногу“, рече Шаленберг.
Мерката, којашто е придодадена на веќе постојните мерки воведени во септември, предвидува ограничување на лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот доколку на одделите за интензвина нега во Австрија бида хоспитализирани повеќе од 600 пациенти со Covid-19. Во моментов на овие одделенија има 200 такви пациенти.
Од 1-ви ноември многи вработени на работните места во Австрија ќе може да доаѓаат само доколку поседуваат доказ дека се вакцинираните или дека оздравеле од Covid-19 или, пак, да приложат негативен тест на коронавирусот. Притоа, кога на интензивните оддели ќе има над 400 ковид-пациенти, ќе важи само PCR тестот.
Во Австрија вкупно потполни се вакцинирани 62,3 отсто од населението, но во последните седмици драстично се намалил бројот на нововакцинираните.
Партијата Луѓе, слободи, темелни права (MFG) којашто ги привлекува скептиците во вакцините за Covid-19 на неодамнешните избори во покраината Горна Австрија освои 6 отсто од гласовите и влезе во покраинскиот парламент.