
Австрија планира од сегашниот ноќен полициски час да премине на делумен карантин од вторниот до неделата на 6-ти декември, се наведува во нацртот на владионата уредба објавен во саботата, додека Грција, исто така, најавува поостри мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Полицискиот час од 20 часот навечер до 6 часот наутро ќе се претвори во целодневен карантин, и ќе бидат затворени сите продавници кои не продаваат есенцијални производи. Средните училишта веќе се префрлија на учењето на далечина, но училиштата за помалите возрасти кои и натаму се отворено ќе го сторат истотот.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц треба да одржи попладнето во саботата прес-конференција на којашто ќе ги изнесе поединостите за новите мерки во екот на растот на бројот на заразените во земјата.
Грчките власти, пак, во саботата најавија затворање на детските градинки и основните училишта до крајот на ноември, и заострувајќи го националниот карантин по порастот на случаите на зараза со коронавирус на дневно ниво.
Во справувањето со коронавирусот Грција мина подобро отколку повечето други европски земји, главно поради рано воведениот карантин на целата територија којшто беше воведен само неколку седмици од прогласувањето на пандемијата во февруари.
Постепениот раст на заразените од почетокот на октомври ги принуди властите повторно да воведат мерки и да наредат национален карантин, кој истекува кон крајот на ноември и вклучува и ноќен полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро.
Во саботата владата дополнително ги заостри мерките, затворајќи ги основните училишта и детските градинки од понеделник во текот на следните две седмици до крајот на карантинот. Учењето на далечина ќе биде воведено во средните училишта и на универзитетите.
Грција во петокот забележа нови 3.038 случаи на зараза со коронавирусот. Во четвртокот, пак, беа потврдени 2.316 нови случа и на заразата и 50 смртни исходи, што беше најголемиот дневен број на коронаинфекциите од почетокот на епидемијата.