Напаѓачот кој во понеделникот го изведе терористичкиот напад во центарот на Виена е 20-годишен маж кој бил осудуван за поврзаност со терористичка организација и има двојно државјанство на Австрија и на Македонија, потврди во вторникот австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.
Претходно австриските медиуми напаѓачот го идентификуваа како извесен Куртин С., роден во 2000 година во Виена од албанско потекло од родители од Тетово.
Според министерот Нехамер, момчето коешто во оваа фаза од истрагата е осомничено дека го извело терористичкиот напад, бил осуден во април 2019 година бидејќи се обидел да замине во Сирија и да ѝ се приклучи на ултрарадикалната исламистичка организација Исламска држава.
Напаѓачот, кој беше смртно застрелан од полицијата, бил осуден на казна затвор во траење од 22 месеци, но во декември минатата година бил пуштен на условна слобода, потврди министерот Нехемер.
Полицијата во меѓувреме извела рации во 15 домови и упасила неколку лица кои биле поврзани со осомничениот напаѓач.
Австриските медиуми јавуваат дека, исто така во врска со нападот во Виена, уапсени и две лица во градот Ст. Полтен.