Челникот на крајно екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (FPÖ) изјави викендов дека неговата партија не сака да ја напушти Европската унија, но повика на прекин на, како што го нарече, „климатскиот комунизам“ на Брисел.
Херберт Кикл, кој следните седмици најверојатно ќе стане првиот повоен австриски канцелар кој доаѓа од крајната десница, во саботата пред околу 3.000 приврзаници собрани во Везендорф близу Виена дека „ниту еден член на Партијата на слободата не сака (Австрија) да ја напушти Европската унија“.
Но, тој исто така додаде дека Брисел треба да влезе во фаза на „саморефлексија“ наместо во „саебеглорификација“, сѐ во интерес на економскиот развој.
Кикл, исто така, смета дека бриселската бирократија треба да се намали и додаде дека се залага за крај на „климатскиот комунизам“.
Ги повтори и своите повици за создавање „Австрија како тврдина“ која е непријателски расположена кон имиграцијата.
Земјата треба да воведе низа „параграфи и прописи, компензација во натура наместо готовина, како и мноштво негативни одлуки за азилот, патни потврди и летови за депортација“.
„Справувањето со имиграцијата е прашање на судбина за континентот и пошироко од Австрија“, рече Кикл.
Овој 56-годишник, чија партија се противи на санкциите на ЕУ кон Русија, ги отфрли обвинувањата дека е наклонет на Москва, велејќи наместо тоа дека е многу „блиску до неутралност“.
Австрија, во согласност со нејзиниот устав, се залага за неутралност и не е членка на НАТО.
FPÖ во моментов преговара со конзервативната Австриска народна партија (ÖVP) за формирање влада.