![austria kurc za korona](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/austria-kurc-za-korona.jpg?resize=642%2C362&ssl=1)
Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.
Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.
Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.
За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.
Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сила.