Австрија за шест месеци ќе ја продолжи контролата на границите со Унгарија и Словенија

Австрија планира да ги продолжи проверките на своите граници со Унгарија и Словенија за уште шест месеци, почнувајќи од 11 мај, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер, цитиран од АПА.

-Во следните неколку дена ќе ја информираме Европската комисија дека ќе мора да продолжиме со овие гранични проверки, изјави министерот за австриското јавно радио.

Карнер објасни дека примената на шенгенските правила за слободно движење по овие граници мора да остане суспендирана за потребите на борбата против илегалната миграција.

-Минатата година имаше неверојатно силен миграциски притисок, посочи тој.