Австрија забрани протест против рестрикциите, десницата обвинува за цензура

Австриската полиција го забрани одржувањет во неделата на протестот на припадници, како што се наведува во информациите на медиумите на крајната десница во Виена, организирани против владините рестриктивни мерки со кои сака да се спречи ширењето на коронaвирусот, со образложение дека се стравува од создавање нови кластери.

„Во текот на одржувањето на претходните слични собири поголем број од учесниците се оглушија на прописот за задолжително носење на запштитни маски и на прописот за почитување на физичката дистанца“, се наведува во соопштението на австриската полиција.

Се додава дека „од тие причини се очекува“ дека и вој собир „ќе биде сцена на непочитување на законот“ и се потсетува дека кон средината на јануари илјадници Австријци ги кршеле здравствените прописи за однесува на улиците во австриските градовите.

Поранешниот министер за внатрешни работи Херберт Кикл, кој е член на суверенистичката десна Слободарска партија на Австрија (FPO), повика во недела да се одржат протести против полицискиот час и третиот „локдаун“ кој во моментов е на сила во земјата.

Оваа партија првпат официјално организира протестен собир со кој сака да ги оспори мерките кои ги донесе еколошкo-конзервативната влада на Австрија, настојувајќи да го ограничи ширењето на заразата на коронавирусот.

Протестите се забранети поради „нарушувањето на јавниот ред и мир“ кои би можеле да ги предизвикаат, е едно од образложенијата на австриските власти.

„Севедоци сме на невидена цензура… тоа е скандал“, реагираше на прес-конференцијата во саботата Кикл.

Од FPO потоа поднесоа друго барање за одобривање на собирот чија цел е „одбрана на демократијата, слободите и основните човекови права“, но повторно полицијата го одби со образложение за ризикот од натамошно ширење на коронавирусот „поради зголемената можноста од зарази поради новите варијанти на коронавирусот“ и поради „неможноста да се следат контактите“ во редовите на демонстрантите.

Австриската полиција одбила 15 од 17 пријавени собири во текот на овој викенд. Дозволено е одржување на само два помали собира кои ги органзиирале лица кои немале полициски досиеја, се наведува во соопштението.

И пократ третото „затворање“ и одлуката за продолжување на полицискиот час донесена пред католички Божик, во Австрија која има 8,9 милиони жители, во неделата се потврдени дуи 1.190 нови сличаи на зарази со короанвирусот.

Податоците од анкетата објвени во саботата во неделникот Profil, укажуваат на тоа дека дури 64 отсто Австријци бараат затвореање на жичниците на скијалиштата, а тие во моментов се во функција

Во Австрија се затворени училиштата, салите за фитнес, хотелите, рестораните, културните објекти и продавниците чие работење не е есенцијално важно за животот на населението. Социјалдемократската опозиција во саботата се изјасни за повторно отворање на училиштата на 8-ми февруари.