Австрија ја почна денеска работата на изградбата на бариера на граничниот премин со Италија, Бренер, која доколку е потребно ќе го ограничи пристапот на мигрантите.
Структурата е долга 250 метри и ќе вклучува магистрала и првокласен пат. Проверката на камиони и автомобили ќе се случува на паркинг северно од границата.
Следните денови ќе почне и работата за создавање на центарот за регистрација.
– Проверките на границата би можеле да почнат на крајот на мај, изјави Хелмут Томас, началник на полицијата во австриската провинција Тирол.
Претседателот на Австрија Хајнц Фишер изјави дека на Бренер нема да има нов ѕид, туку механизам за управување со границата.