Словенечкиот премиер Миро Церар денес изјави дека Словенија ќе подигне ограда на границата со Хрватска ако не запре бранот мигранти.
Тој по состанокот на словенечкиот национален совет изјави дека Словенија е подготвена веднаш да постави ограда иако на состанокот во Брисел за „балканската рута“ договорена е подобра соработка меѓу земјите кои се справуваат со бегалската криза.
– Ако биде неопходно, подготвени сме во ист момент да подигнеме ограда, посочи Церар.
Изјавата на словенечкиот премиер уследи откако подигнување на ограда на границата најави Австрија.
– Се работи за обезбедување на уредно, контролирано влегување во нашата земја, а не за затворање на границата, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.