Австрија наскоро ќе објави нови мерки за мигрантите

Австрија наскоро ќе објави нови мерки за мигрантите. Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл Лајтнер и министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил треба наскоро да објават дополнителен план за обезбедување на границите со цел да се намали бранот бегалци, а се размислува за дневен контрингент, пренесува „Танјуг“ повикувајќи се на австриските медиуми.

Годинава, според одлуката на тамошната влада, Австрија ќе прими 37.500 баратели на азил, а од почетокот на јануари се поднесени 8.500 молби.

Микл – Лајтнер и доскоцил следната недела имаат намера да воведат дневни контигенти за прифаќање бегалци.

Засега е неизвесно за кој број станува збор, затоа што тој допрва треба да биде утврден по консулатциите со генерланиот директор за јавна безбедност Конрад Коглер, началникот на Генералштабот на војската на Австрија Отмар Коменд.

Според весникот „Кронен Цајтунг“ намерата е дневно да бидат примени до 100 барања за азил, како и пропуштање на околу 2.000 бегалци секој ден во Германија.

Дневната квота за прифаќање бегалци ќе биде, по примерот на Германија, намалувана на квота на секој час. Имено, Германија пезема помеѓу 50 и 100 бегалци на час, што е помеѓу 5.000 и 6.000 дневно, а што предизвика „застој“ во Австрија.

Како што се најавува во Виена, одлуката за квотата ќе биде веднаш пренесена во Словенија, Хрватска и Македонија.