Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл им порача на германските власти дека земјата нема да прифати ниту еден мигрант од нив, реагирајќи така на изјавата на ресорниот германски колега, Хорст Зехофер дека ќе ја натераат Австрија да ја прифати спогодбата за реадмисија.
Откако Ангела Мерел веќе се договори со Италија и Грција за прифаќање на мигрантите, сега на ред е Австрија, која реши да воведе построга политика за мигрантите.
Ние нема да преземеме некого за кого не сме надлежни. Напротив, ќе ја зголемиме контролата на јужната граница. Ние и понатаму ќе вршиме притисок за да се реши овој проблем таму каде што му е местото и тоа надвор од границите на ЕУ, рече Кикл.
Тој пренесе дека два пати разговарал со Зехофер и дека два пати било ветено дека нема да ги враќаат избеглиците.
За да биде се јасно, договор кој би бил на штета на Австрија нема да го потпишеме ни за 100 години, рече Кикл.