Австрија се разбуди поплавена

Синоќешните обилни врнежи на дожд поплавиле повеќе делови во Австрија. Во покраината Долна Австрија силниот дожд предизвикал излевање на реките Тристинг, Пилах и Траизен. Околу 2.100 пожарникари се борат денеска во општините Лиленфелд, Санкт Пелтен, Нојнкирхен, Винернојштарт и Шајбс. На поедини места изврнале и повече од 100 литри на метар квадратен.

Голем број подруми се поплавени, а од поплавите оосбено е погодена општината Франкефелс, која е отсечена од остатокот на земјата.

Главната сообраќајница Пилахтлер Бундештрас е преплавена во овој дел и затворена до местото Хофштетен Гринау.
Во местото Алтенмаркт ан дер Тристинг, пожарникарите очекуваат дека следните часови ќе се поплават и патиштата, бидејќи нивото на реката Тристинг постојано расте.

Метеоролозите очекуваат дека до сабота ќе наврнат помеѓу 150 и 200 литри на метра квадретен, а во поедини места дури и 220 литри. Ова е двојна повеќе дожд од тоа што вообичаено за овој период од годината.

Во Штаерска и во Долна Австрија, по 1.000 домаќинства се ебз струја, бидејќи гранки паднале на далеководите. И во Горна Австрија се излеала реката Енс, во местото Штајер, и го преплавила кејот.

Исто така и во покраината Бургенланд пожарникарите се борат со поплавите и последиците од бури. И во Тирола, бура предизвикала штета, бидејќи во пет општини оштетила далековод , така што граѓаните останале без струја.

Метеоролозите укажуваат дека актуелните поплави не можат да се споредуваат со тие од минатата година, бидејќи овој пат Дунав нема да се излее од коритото, пред се’ бидејќи во Германија нема обилни врнежи, а воедно не дошло до топење на снеговите на плнините, кои се повторно побелени од снежните врнежи.