Поголемиот број на анкетирани Австријци сметаат дека австриските политичари би требало да ги бојкотираат Зимскиот олимписки игри во Сочи.Истражувањето на неделникот „Профил“ покажува дека 59 отсто од Австријците го делат мислењето дека треба да се бојкотираат Олимписките игри во Русија.
Дури 32 отсто сметаат дека официјалните претставници на Австрија треба да отпатуваат во Русија на Олимписките игри.
Австрискиот канцелар Вернер Фајман и министер за одбрана и спорт Гералд Клуд најави дека по договорот со претседателот Хајнц Фишер, дека ќе присуствува на отворањето на Олимписките игри во Сочи.
Претседателите на Германија и Франција, Јоахим Гаук и Франсоа Оланд како и европскиот комесар Вивијен Рединг порано најавија дека ќе ги бојкотираат Олимписките игри поради одност на Владимир Путин спрема човековите права.