Австриска фирма ќе гради ветропарк во Албанија

Вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, објави дека е потпишан договор со австриската компанија „Вербунд АГ“ за изградба на првиот парк на ветер.

– Договорот е постигнат преку аукцијата, која пред кратко време беше успешно реализирана, напиша Балоку на Фејсбук.

Таа, исто така, информира дека наскоро ќе бидат потпишани и другите два договора со кои се заокружува максималниот износ од ова јавно наддавање.

Според албански медиуми, ветерните електрани се очекува да започнат со работа во 2025 година, со капацитет од 10 до 75 мегавати.