![knajsl putin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/knajsl-putin.jpg?resize=640%2C346&ssl=1)
Австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл го бранеше нејзиното поклонување за време на танцот со рускиот претседател Владимир Путин. Таа рекла дека тоа е традиционален танц и дека таа не се поклонува пред никого.
На снимката од венчавката, се гледа како Кнајсл и Путин танцуваат и на крајот Кнајсл се поклонува кон Путин.
Кнајсл го покани Путин минатата недела на нејзината венчавка, предизвикувајќи лутина и кај домашната и кај странската јавност, поради нејзиното однесување. Како што рекла, тоа била спонтана одлука.
Откако беше најавено доаѓањето на Путин на свадбата на шефицата на австриската дипломатија, пратениците на Зелените во Европскиот парламент, Мишел Рејмон, како и Украина го критикуваа неговото доаѓање, Рејмон исто така побара и оставка на министерката Кнајсел бидејќи таа го поканила Путин на својата венчавка, игнорирајќи го објаснувањето дека свадбата е приватна работа и дека Путин ќе биде приватно таму.