По повеќенеделни преговори претставниците на Австриската народна партија (OeVP) и Слободарска партија на Австрија (FPOe) ја претставија во саботата претпладнето во Виена на австрискиот претседател Александер ван дер Белен новиот кабинет кој, според коалициската програма, на јавноста официјално ќе ѝ биде претставен во саботата попладнето.
Идниот канцелар и претседател на OeVP, Себастијан Курц, и идниот вицеканцелар и претседател на FPOe, Јанц-Кристија Страхе, во саботата претпладнето, откако во петокот вечерта ги завршија преговорите на двете партии за формирање коалициска влада, разговараа и со претседателот Алексендер ван дер Белен.
Шефот на државата по средбата со идните канцелар и вицеканцелар изрази надежи дека Австрија, и покрај поедините антиверопски тонови во текот на предизборната кампања, ќе остане верна на европската идеја.
„Проевропското определување на идната Сојузна влада е од централно значење. Себастијан Курц и Ханс-Ктистијан Страхе ми дадоа гаранции дека Австрија е и дека ќе остане силна земја во срцето на Европа и дека ќе игра активна улога во идното обликување на Европската унија“, порача Ван дер Белен преку Twitter по разговорот во претседателскиот кабинет.
Иако официјално сѐ уште не се потврдени членовите на владата, некои медиуми веќе го критикуваат фактот дека на десничарската FPOe може да ѝ припадната безбедносно релевантните ресори, како внатрешни работи и одбраната.
И можната нова министерка за надворешни работи Карин Кнејсл е блиска на „слободарците“ и е позната како голема критичарка на некои доселенички специфичности како носењето на шамиите кај муслиманските жени. Кејсл отворени ја критикуваше и либералната доселеничка политика на германската канцеларка Ангела Меркел.
Истовремено, надлежноста за прашањата на Европа се префрлаат во кабинетот на канцеларот, според претходните најави дека политиката на Европската унија во иднина ќе биде координирана од оваа позиција. Досегашниот министер за надворешни работи и идниот канцелар Себастијан Курц уште во текот на предизборната кампања најави префрлање на надлежностите за ЕУ на „највисоко ниво“.