Компаниите диструбутери на гас во Германија, Австрија, Словачка и Унгарија се подготвуваат да отворат сметки во рубљи во „Газпромбанк“ за плаќање на испораките на рускиот природен гас, пишува деловниот весник Financial Times повикувајќи се на свои извори.
Според наводите во текстот, меѓу компаниите кои се одлучиле да ги заобиколат западните санкции против Русија се и двата едни од најголемите европски увозници на рускиот гас, германската „Uniper“ и австриската „OMV Group“. Преговорите меѓу европските купувачи и рускиот „Газпром“ се интензивирале со приближувањето на роковите за исплата, пишува Financial Times.
„Компанијата OVM соопшти дека го разгледа барањето на Газпром за начините на плаќање во контекстот на санкциите на Европската унија и работи на решение кое во согласност со санкциите“, се додава во прилогот.
Претходно во средата вечерта претставниците на италијанската енергетска компанија „Eni“ одбија да ги коментираат информациите на деловната новинска агенција Bloomberg News за нејзината намера да отвори сметка во рубљи во руската банка „Газпромбанк“ преку кои ќе ги задоволи барањата на Москва за плаќање на испораките на гасот во руската валута.
Според Bloomberg, потегот на италијанска „Eni“ е превентивен, бидејќи компанијата ги очекува дополнителните насоки од италијанската за тоа дали може да ги користи таквите сметки во „Газпромбанк“ за порачки на гасот.
Во март Русија донесе прописи со кои предложи купувачите на енергенси да отворат сметки во „Газпромбанк“, која не е под западните санкции, за да можат да плаќаат во западни валути кои потоа ќе бидат променети во рубљи на Московската берза.
Во Брисел беа принуден да признаат дека секој обид на ЕУ за воведување санкции против „Газпромбанк“ може да го загрози целиот постоечки механизам за плаќање на рускиот природен гас, а тоа би довело до катастрофален преки на испораките во ЕУ, се истакнува во материјалот на Financial Times.
Во средата „Газпром“ ги прекина испораките на бугарската компанија „Билгаргаз“ и полската PGNiG поради одбивањето да плаќаат во рубљи. Руската компанија потсети притоа дека Софија и Варшава се вклучени во транзитот на гасот, а доколку започнат неовластено повлекување на енергенсот од количествата наменети за трето земјите, испораките преку нив ќе бидат намалени за истиот обем.
Од 1-ви април Русија, за оние земји коишто ѝ наметнаа санкции,, започна да ги прима исплатите за гасот според нова шема, за да ги избегне доларот и еврото во трансакциите. Според шемата, купувачот во „Газпромбанк“ мора да отвори посебни сметки во валута и во рубљи, и го префрла потребниот износ на прата смета во валутата наведена во договорот, банката ја продава на Московската берза и ги префрла рубљите на втората сметка од којашто на „Газпром“ му се плаќа за испоричаните количества. Одбивањето да се плаќа во руска валута, Москва ќе го смета за неисполнување на договорните обврски, беше посочено од руската страна.